еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Убава вест: Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци…

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност, напиша на својот Фејсбук профил, министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Мерката е иста како за работодавачите – единствена разлика е што апликацијата оди преку системот е-ПДД на УЈП.

Прво, се пополнува барање за исполнетост на условите:

▪️ До 5-ти во месецот за претходниот месец

▪️ Преку системот е-ПДД

◾️ Во рок од 3 дена УЈП ја потврдува комплетноста на барањето

◾️ До 13-ти во месецот физичкото лице – самостоен вршител на дејноста на трансакциската сметка преку која врши самостојна дејност добива исплата на финансиската поддршка

◾️ До 15-ти во месецот треба да се исплати плата за претходниот месец.

Барателот треба да ги исполнува следните услови:

➡️ Во месец март 2020 да има најмалку 30% намалување на приходите во однос на месечниот просек во 2019.

➡️ Oние кои се основани после март 2019 – да имаат најмалку 30% пад на приходи за месеците април 2020 или мај 2020 во однос на просекот минатата година вкличително и јануари и февруари 2020.

➡️ За сезонските вршители на дејност да имаат пад на приходите за над 30% во последниот сезонски период од 4 месеци со истиот период претходната година.

Мерката не може да ја користи самостоен вршител на дејност кој во 2019 година има нето доход пред оданочување или утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари“, пишува таа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неколку лица го нападнале Сејдини, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија

Редакција

(Галерија) Replay пролет/лето 2019: SILVERLAKE effect

Редакција

Раст од 38,5%: Минатата недела 36 лица по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница