еМагазин
Image default
Бизнис

Со кои земји од Западен Балкан од денеска се намалува роамингот

Цените на услугите во роаминг помеѓу Северна Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и БиХ  од денеска ќе се намалат за 27 отсто, а од јули 2021 година ќе бидат целосно укинати.

Динамиката на намалувањето на цените е согласно со Договорот потпишан на Вториот дигитален самит за Западен Балкан, како предуслов за почнување на постапката за укинување на роамингот кон Европската унија.

Истражувањето на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) спроведено од 24 до 31 минатиот месец покажува дека скоро петтина од испитаниците кои знаат што е роаминг слушнале за договорот за регионален роаминг, со којшто од 2014 година беа намалени цените помеѓу држвава, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина.

Кон таа регионална иницијатива минатата година се приклучија и Албанија и Косово. Од испитаниците кои слушнале за договорот 16 проценти ја користеле таа поволност. Половина од корисниците на регионален роаминг, пак, сметаат дека тој е незначително поевтин.

Според податоците на АЕК, во последните 12 месеци, 18 проценти од населението од државава користело роаминг.

Повеќе од една четвртина (27 проценти) од корисниците на роаминг се информираат за цената за роаминг во соодветната земја. Роамингот најчесто се користи за испраќање на СМС пораки –78 проценти и за разговори 54,8 проценти, додека интернет во роаминг користеле само 18 проценти од корисниците на роаминг.

Истражувањата на СРС, оперативно тело на земјите од Процесот за соработка во Југоисточна Европа, покажуваат дека 70  отсто од стопанствениците од Југоисточна Европа сметаат дека укинувањето на цените на роамингот ќе им помогне во поттикнување на трговијата.

Поевтин роаминг се очекува и со Грција, што ќе се реализира откако ќе се обебзедат потребните услови за стапување во сила на Меморандумот за соработка помеѓу двете држави, за што македонската страна веќе достави предлог и динамика.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ ги зголеми приходите и добивката

Редакција

„Мотиви“ го доби тендерот на „Комунална хигиена“ за привремени вработувања вреден 172.000 евра

Редакција

На новата листа на должници на УЈП помалку фирми и граѓани

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница