еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Убава вест: Пронајден исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Изутрината околу 6:30 часот е најден жив 62 годишниот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче, кој вчера беше пријавен за исчезнат од неговиот брат.  Ѓорѓи бил најден во блиина на железничката пруга по дојава од тетовчанец до братот Ристо.

„Откако беше објавено по медиумите дека е исчезнат брат ми, околу 21 часот ми се јави млад човек кој живее касарната и ми кажа дека смета дека го видел Ѓорѓи кај 18 часот кај железничката станица.

Ми опиша како е облечен и така утврдив дека навистина го видел брат ми. Со еден сосед го баравме околу станицата до полноќ, но не го најдовме.

Утринава околу 6 почнав пак да го барам. Долж пругата одев и викав по него Гоче, Гоче, па му го слушнав гласот како вика тука сум, тука сум“, раскажува неговиот брат Ристо.

За причината како се изгубил Ѓорѓи, Ристо не може да утврди бидејќи од март месец поради здравствени проблеми и слабо зборува.

Ристо исчезнувањето го пријави вчера во 19 часот откако 24 часа го немаше видено Ѓорѓи, па денеска во СВР Тетово известил и дека го нашол.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со дарување инстант лозови, подарете среќа плус

Редакција

Јубилејната 35. Ликовна колонија Галичник започнува на 12. август

Редакција

Џонсон Мети обезбеди приватно здравствено осигурување за вработените во Македонија

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница