еМагазин
Image default
Македонија

Убава вест: Во Пијанечко-малешевскиот регион само еден активен случај на Ковид-19

Добра вест за беровчани и пехчевци. Два од трите позитивни случаи на вирусот Ковид-19, денес се регистрирани како оздравени пациенти, со што на крајниот Исток во моментот има само еден позитивен случај на коронавирусот.

Како што информираа од Здравствениот дом во Пехчево, пациентот е во стабилна состојба и се очекува и тој наскоро да влезе во статистиката на оздравени пациенти.

-Денеска имаме добра вест да споделиме со граѓаните на Пехчево и да соопштиме дека еден од пациентите кој пред 14-тина дена брше регистриран како позитивен на вирусот е оздравен.

Станува збор за пациент кој претходно со својата пожртвуваност активно се вклучи во поддршката за спречување на заразата во нашата општина, информираат од Здравствениот дом во Пехчево.

Од таму се надеваат дека наскоро и последниот случај кој е позитивен на вирусот ќе влезе во статистиката на оздравени пациенти, со што во Пехчево, повеќе нема да има граѓани кои се позитивни на Ковид-19.

Во меѓувреме, како што соопштија од Министерството за здравство оздраве и пациентката од беровското село Владимирово, која беше прв и единствен позитивен случај на коронавирусот во Берово.

Според најновите податоци во моментот во четирите општини кои потпаѓаат под Пијанечко-малешевскиот регион, Берово, Делчево, М.Каменица и Пехчево има само 1 активен случај на коронавирусот, додека од четирите случаи на вирусот од почетокот на пандемијата, во овие општини само 1 пациент од Делчево е единствениот кој според Министерството за здравство почина од коронавирусот.

МИА/Фото: Општина Пехчево

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Велес денеска двајца оздравени од Ковид-19, четвртти ден нема регистрирано новозаболени

Три нови случаи во Штип: Две текстилни работнички од иста конфекција и еден лекар заразени со корона вирусот

На респиратор девет пациенти заразени од корона вирусот, уште шестмина во потешка состојба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче до МПЦ и ИВЗ: Секое неодговорно собирање ќе нè врати на почеток на епидемијата

Редакција

(Видео) Царината заплени минибус со албански таблици во кој е откриен бункер за криење стока

Редакција

Граѓаните преку буџетот ќе платат 400 милиони денари за медиумската изборна кампања на партиите

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница