еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Убиецот Игор Спасов е екстрадиран од Бугарија во Македонија

По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 година, Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, информираат од Министерство за правда.

Барањето за екстрадиција на 10 февруари го потпишал министерот за правда Бојан Маричиќ.

а1он.мк објави дека Спасов веќе е екстрадиран во државата.

Игор Спасов на 2 февруари беше приведен по пријава за семејно насилство.

За време на увидот од бугарската полиција било утврдено дека тој бил баран од Интерпол. Игор Спасов влегол во Бугарија од Турција пред извесно време.

Поранешниот полицаец Игор Спасов е осуден за убиството на Мартин Нешкоски.

Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Деветмесечно бебе починало во Општата болница во Охрид

Редакција

Папата Франциск на мисата во Скопје: Рамнодушноста и клеветите да ги замениме со чувствителност и надеж

Редакција

За околу две недели ќе стигне терапија, специфично антитело наменето за лекување на Ковид-19, најави Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница