еМагазин
Image default
Локално

Убиениот полицаец од Велес имал условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници

Телевизијата Телма објави дека убиениот полицаец од Велес имал две условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници.

Според телевизијата во два кривични предмети е осуден, во неколку граѓански парници е гонет од осигурителна компанија поради неисплаќање на отштета, а има добиено и две парници против МВР после што наплатил пари од полицијата како бонус плата и за неисплатени прекувремени часови.

Најсериозни се двете кривични дела за кои има и пресуди, но бидејќи станувало збор за условни казни, тој останал полицаец во СВР Велес. Според телевизијата станува збор за делата изнуда и закани по живот, случај во кој ја нападнал сестрата на неговата партнерка и за сообраќајната несреќа, во која удрил во малолетници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

40-годишен полицаец од Велес убиен од неговата партнерка со нож во пределот на срцето

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Угина последната жирафа во скопската Зоолошка градина

Редакција

Приведен Полјак кој фотографирал воени објекти на Криволак

Редакција

Трагедија: Петгодишно девојче се удави во Маркова Река

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница