еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Убиениот во нападот врз телевизијата Топ чанел бил татко на три деца, полицијата приведе две лица

Албанската полиција приведе две лица, за кои основано се сомнева дека се поврзани со вооружениот напад врз зградата на телевизијата Топ чанел во Тирана, во кој беше убиен 60-годишниот Пал Кола, лице од обезбедувањето.

Двајцата се приведени во Валона, но се жители на Скадар.

-Истрагата продолжува во врска со осомничените кои би можеле да бидат вмешани во смртоносниот напад. По неколку часа од настанот две лица се приведени во Валона, но се жители на Скадар. Пренесени се во Тирана на распит, стои во полициското соопштение.

Нападот го извршиле три лица, завчера околу 1 часот кои од возило „ренџ ровер” со автоматски пушки пукале во првиот и вториот кат на зградата.

Чуварот се наоѓал во стражарската куќичка. Бил вработен пред шест месеци. Татко е на три деца.

Кусо пред нападот зградата ја напуштиле 10 новинари и сниматели, со што е избегната поголема трагедија. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукано врз најгледаната албанска телевизија „Топ чанел“, убиено лице од обезбедувањето

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Во шест градови во државата нема повеќе заболени од корона вирусот

Редакција

Земјотреси во Албанија го стресоа Балканот, силно почуствувани и во Македонија

Редакција

Венко Андоновски по 10 години се враќа на сцената со нов роман

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница