На 28.12.2018 во 21.38 часот пријавено е дека на ул.“Шарпланинска“ во населба Даме Груев во Скопје, има лице кое лежи без знаци на живот и до него возило “Пасат“ со скопски регистерски таблички, за кое подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65), информира МВР.
„Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности. Утврдено е дека убиениот е Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје. Телото е предадено на обдукција. Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира МВР.