еМагазин
Image default
Македонија

Љубомир Јовески: На Мијалков му е врачено решението за домашен притвор, ќе биде спроведен на извршување на мерката

Врз основа на добиени сознанија и преземените дејства на Обвинителството, обвинетиот Сашо Мијалков, попладнево се јави во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција каде што му е враќено решението за домашен притвор, изјави државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

Тој додаде дека по врачувањето на решението за домашен притвор, обвинетиот ќе биде спроведен на извршување на мерката.

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во излозација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Поранешниот директор на сега згаснатата УБК е обвинет во случајот Таргет-Тврдина, за кој пресуда треба да биде изречена в петок.

МИА/Фото: МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков се појави пред Обвинителството, тврди дека не избегал, туку бил во изолација

Хронологија на бегството: Мијалков последен пат виден како влегува во гаражите на „Мериот“ со една жена и тројца мажи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 123 случаи на Ковид-19 од 1.312 тестирања, најмногу во Скопје, Штип и Гостивар

Редакција

Вакцинирање во Врање: Македонската асоцијација на новинари обезбеди “АстраЗенека“ вакцини за 100 медиумски работници

Редакција

Левица поднесе иницијатива за инспекциски надзор за утврдување на законитоста на споменикот на ОНА во Слупчане

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница