еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Ученици од Скопје и Кочани добија стипендиите за школување во гимназијата „Нова“

Меѓународното училиште „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ годинава по 15. пат доделија три целосни стипендии за четиригодишно школување на талентирани ученици од Македонија.

Лука Павиќевиќ од основното училиште „Мирче Ацев“ и Галена Јованоска од „Кочо Рацин“ во Скопје како и Андреј Давидков од „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани остварија највисоки резултати во процесот на селекција и ќе го продолжат школувањето во оваа меѓународната образовна институција.

Повеќе од 220 основци учествуваа во изборот која се одвиваше во два круга. Во првиот круг беа избрани 20-те најдобри ученици според резултатите на тестирање по математика и англиски јазик.

Во вториот круг повеќечлена комисија, составена од наставници од гимназијата „Нова“ и десет волонтери од Мировниот корпус на САД во Македонија, ги оценуваше кандидатите по однос на нивната тимска работа, креативност и критичко размислување.

Бројот на кандидати кои се пријавуваат за стипендијата постојано се зголемува, а оваа година имало 20 отсто повеќе ученици од ланската. Во изминатите 15 години целосна поддршка добиле 50 ученици.

Покрај целосната стипендија се доделуваат и 10 делумни стипендии со кои се покриени до 50 отсто од трошоците за школување.

Партнерството помеѓу „Нова“ и фондацијата „Борис Трајковски“ беше основано како резултат на тесната соработка помеѓу училиштето и покојниот претседател Борис Трајковски како и поради фактот што филозофијата на работење на „Нова“ и нејзините воспитувачи беше во иста линија со вредностите и верувањата на претседателот Трајковски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+Фото) Македонскиот модел Татјана Јанушева – Тати на ревија за брендот Фила во Париз

Редакција

Зоран Јовановски со инвалидска количка помина 42 км на Скопскиот маратон

Редакција

Лајонсите прегледаа повеќе од 30.000 деца за вид

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница