еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ученици по случаен избор, со согласност на родителите, ќе се тестираат за Ковид-19

Со согласност од родителите, учениците во основните училишта од прво до петто одделение, како и од шесто до деветто одделение и учениците од средните школи ќе бидат тестирани за присуство на вирусот Ковид-19, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици.

Планирано е скрининот да трае 5 дена и дневно да се тестираат по околу 1.600 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите.

Учениците ќе се бираат по случаен избор од регистарот на е-дневник, а родителите ќе треба да потпишат согласност за учество на тестирање на децата. Доколку некој од родителите одбие, ќе има заменски примерок од каде ќе се избира следното дете за тестирање,“ изјави Филипче.

Децата од посебните училишта и училиштата каде просечниот број на ученици во одделение е помал од 10 деца ќе бидат исклучени од овој процес од причина што станува збор за помали рурални места каде учат многу мал процент од сите ученици и во места каде инциденцата на вирусот е многу ниска.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викенд населбата на Попова Шапка има 116 дивоградби

Редакција

Холандската влада го блокира приемот само на Бугарија во Шенген зоната, не и за Романија и Хрватска

Редакција

Дојавите за бомби во училиштата биле испратени по мејлови кои по еден час биле избришани, открива Тошковски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница