еМагазин
Балкан ТОП СТОРИИ

Учениците во Србија почнуваат со настава, училиштето каде што се случи масакрот уште без настава

Сите ученици во Србија од денеска се враќаат на редовна настава, освен во ОУ „Владислав Рибникар“ каде беше извршено масовно убиство. Владините мерки стапуваат на сила, а од утрово распоредени се полицајци во сите 1.800 училишта во земјава кои ќе бидат присутни на сите јавни места каде што се собираат голем број граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.

На влезот во основното училиште „Владислав Рибникар“ има четворица полицајци, цвеќе и свеќи што ги оставаат граѓаните. Нема настава, а од денеска ќе се организира продолжен престој за учениците од одделенската настава, од прво до четврто одделение. Наставата за сите ученици треба да започне во среда на 10 мај, седмиот ден од невидената трагедија.

Министерството за образование, здравство, УНИЦЕФ, Тимот за интервенција во психолошка криза, Филозофскиот факултет, Здружението на психолози, Тимот за кризни состојби на училиштето и вработените во ова училиште подготвија План за интервенција во кризи, кој предвидува поддршка на децата, родителите и вработените, индивидуално и групно и подготовка за враќање на училиште.

Поддршка ќе даваат и психијатри и психолози од Заводот за ментално здравје, Клиниката за психијатрија на Клиничкиот центар на Србија и Друштвото на психолози.

Враќањето на учениците на училиште во комуникација со родителите треба да го организира Училишниот тим за кризни интервенции.

Помошта се планира и за учениците од сите училишта во Србија, бидејќи самото сознание за трагедијата е траума за многумина, особено за децата и наставниците.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вложувањата во осигурување пораснаа за 19%, надминаа 48 милиони евра за три месеци

Редакција

Врабoтен во МВР во слободно време бесплатно ќе превезува лица до аптеки и маркет во неговата општина Ѓорче Петров

Редакција

Лично прашање е како некој го организира просторот во својата канцеларија, вели Ковачевски за „антистрес“ терапијата на министрите на ДУИ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница