еМагазин
Македонија

Ученик во второ одделение и лаборант заболени од Ковид-19 во Тиквешко

Второодделенец и здравствено лице се заболени од Ковид-19 во Тиквешко. Една жена почина во скопска болница, а девет нови позитивни случаи се регистрирани за 24 часа, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

„Имаме седум нови случаи во Кавадарци и два во Неготино. Починатата со коронавирус е на возраст од 55 години. Новозаболените се на возраст од седум до 66 години. Од нив пет се од машки, а две лица од женски пол. Само едно лице нема симптоми. Петмина претходно имале контакт со позитивно лице, а четворица не знаат каде се заразиле“, појасни докторот.

Второодделенецот бил позитивен откако имал контакт со позитивна наставничка, но позитивен случај имал и во семејството. Новозаболен бил и еден лаборант.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Русија со пингвини продолжува да го шири своето влијание на Балканот, велат иронично од Руската амбасада во Македонија

Редакција

За да му ги вратат пасошите, Камчев ја зголемил кауцијата на 3.180.000 евра

Редакција

ДКСК: Неопходно да се направи антикорупциска проверка на Законот за води

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница