еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Училиштата ќе бидат дополнително обезбедувани од полицијата за да има непречена настава поради дојавите за бомби

Министерството за внатреши работи и Бирото за јавна безбедност денеска во Владата на координативен состанок го презентираа новото упатство за постапките и мерките што ги презема МВР по добиена информација, сознание или дојава за терористички загрозувања и по основ на упатството разработен е план за мерки и активности за спроведување.

Дополнително, се работи и на упатство со мерки од страна Министерството за образование и наука (МОН) до директорите на сите училишта кои ќе имаат обврска да ги применуваат, информираат од Владата.

На состанокот на кој присуствуваа премиерот Димитар Ковачевски, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски беше нагласено и дека МВР обезбедува и постојани полициски патроли за обезбедување на училиштата, информираат од Владата.

Дополнително, како што соопшти владината прес-служба, мерките и активностите кои Министерството за образование и наука веќе ги презема за справување со хибридните закани се надополнуваат со безбедносно јакнење на училиштата со кои се гарантира сигурноста и безбедноста на учениците и наставниот кадар во самите училишта.

-Комплементарно на упатството кое МВР го има разработено, се работи и на упатство со мерки од страна МОН до сите директори на сите училишта, кои ќе имаат обврска да го применат со цел јакнење на безбедноста на учениците и наставниот кадар и непречено одвивање на наставниот процес.

Мерките за јакнење на безбедноста на училиштата и наставниот процес ќе бидат детално образложени на директорите на училиштата во следните неколку денови, а благовремено ќе бидат известени и родителите како и јавноста, наведуваат од Владата.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Новинарот кој ја објави снимката со Боки 13, Кичеец и Камчев најавува објавување на нови шокантни документи

Редакција

Сакајќи да заработат на коронавирусот купиле 17.700 шишиња антисептик за раце

Редакција

ТАВ предлага систематско тестирање за Ковид-19 на аеродромите за да се олеснат патувањата

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница