еМагазин
Бизнис

Уготур со зголемена добивка во првите девет месеци

Финансискиот резултат на Уготур АД Скопје, кој е искажан во неревидираниот Билан на успех за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесува 29.364 илјади денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Вкупните приходи остварени во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесуваат 240.621 илјади денари и бележат пораст од 22% во однос на истиот период минатата година.

Во рамки на вкупните приходи најголемо учество имаат оперативните приходи кои изнесуваат 240.123 илјади денари.

Финансиските приходи остварени во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесуваат 498 илјади денари и споредбено со остварените приходи од соодветниот период за 2021 бележат зголемување.

Вкупните расходи во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесуваат 210.567 илјади денари, кои бележат раст од 11% во однос на вкупните расходи остварени во истиот период во 2021 година, кога истите изнесуваа 190.303 илјади денари.

Финансиски расходи остварени во периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесуваат 67 илјади денари.

Оперативната добивка за периодот од 01.01.2022 до 30.09.2022 година изнесува 29.623 илјади денари и бележи раст во однос на истиот период во 2021 година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уготур со добивка во првите три месеци

„Уготур“ ја зголеми сопственоста во „Макошпед“

Никола Камчев продаде 25.025 акции од „Уготур“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопски „Славеј“ лани во минус

Редакција

Кои се членовите на Одборот на директори на Витаминка

Редакција

A1 Македонија заедно со Триглав Осигурување: Со A1 Combo за прв пат и осигурување на домот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница