еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

УХМР: Од утре снег и голомразица

Од утре под влијание на многу студена воздушна маса од најсеверните географски ширини, времето ќе биде многу студено со умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во деновите од викендот ќе биде облачно, студено и ветровито со врнежи од снег, пообилни во југозападните делови.

Насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините ќе се зголеми. Се очекува во југозападните делови и на пониските места таа да изнесува над 20 сантиметри. Поради ниските температури ќе има појава на голомразица.

Температурите ќе се задржат значително под просекот за овој период и во текот на целиот ден ќе бидат негативни. Утринските ќе се спуштаат до -10, а во почетокот на наредната седмица на места и под -15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Како изгледа Струга во новогодишно руво

Редакција

(ВИДЕО) Како на филм: Колона за маски за заштита од корона вирусот во Јужна Кореја

Редакција

Директорката на Инфективна, Стевановиќ: Возраста и коморбидитетите имаат сериозно влијание за исходот во лекувањето од Ковид-19

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница