еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Укинат куќниот притвор и на Трајко Вељаноски

Апелациониот суд го укина куќниот притвор за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, кој е обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста како организатор на насилствата во Собранието од 27 април.

Во јули минатата година тој беше осуден на шест и пол години затвор за овој случај и ја чека правосилната одлука за казната.

Тој како гаранција дека нема да побегне понудил имот во вредност од околу 210 илјади евра, а ставот на Апелација наведен во образложението на одлуката, е дека понудената гаранција е соодветна мерка за обезбедување на неговото присуство за успешно водење на постапката.

Фото: Вељаноски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Стоматолошките услуги од денес достапни кај сите стоматолошки ординации

Редакција

Арбен Таравари останува градоначалник на Гостивар

Редакција

Кина нема да воведе санкции за Русија поради Украина

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница