еМагазин
Image default
Локално

Украдени над 25 илјади евра од просторија за брз трансфер на пари во Струмица

Синоќа околу 18,20 часот во Струмица на улица „Димитар Влахов“ во Туристичката агенција „Атлантис“ засега непознат сторител извршил оружен грабеж во просторија за брз трансфер на пари.

Тој влегол во просторијата и со закана со секира од вработената одзел повеќе од 25.000 евра и заминал во непознат правец.

Сторителот полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво. Од СВР Струмица информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на случајот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во близина на мостот „Гемиџии“ во Велес извлечен човечки труп од реката Вардар

Редакција

Драма во трговски центар во Тетово: Украле облека и го нападнале обезбедувањето

Редакција

Безживотно тело на средовечен маж попладнево е пронајдено во водите на Охридското Езеро

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница