еМагазин
Image default
Македонија

Унгарскиот министер за надворешни, Сијарто: Одложувањето на датумот беше многу нефер за вашата земја

Одложувањето на почетокот на пристапните преговори беше многу нефер за вашата земја, бидејќи сите знаеја за временската рамка и имаше доволно време сите да се подготват. Аргументиот за недостиг на време според мене е смешен, бидејќи вие сте земја кандидат 14 години и тоа е доволно време, изјави министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, кој денеска престојува во посета на нашата држава.

Унгарија, посочи Сијарто, процесот на проширување на ЕУ го смета за еден од најважните и веруваме дека проширувањето на ЕУ кон регионот на Западен Балкан е во вистински интерес на Унијата, како економски така и безбедносен.

– Веруваме дека проширувањето на ЕУ е во вистински интерес на самата Унија и затоа сметаме дека одлуката за одложување на почетокот на преговорите е голема загуба за ЕУ и во спротивност на интересите на Унгарија. Ние сме соседна држава на овој регион и затоа сме сензитивни на значењето и потребата за евроинтеграција, изјави Сијарто.

Посочи дека Унгарија ќе продолжи со поддршка на нашата земја за успешна евроинтеграција, како и за стабилноста на границата, каде веќе се распоредени заеднички сили.

-Ние сме за итен почеток на пристапни преговори меѓу Северна Македонија и ЕУ. Ние сме соседна земја на овој регион и сме многу осетливи по ова прашање и го знаеме значењето за проширување, а ЕУ во овој регион и ја знаеме разликата меѓу стабилна и нестабилна состојба во овој регион, изјави Сијарто.

МИА/Фото: СЕП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сијарто: Присуството на Груевски во Унгарија е правно прашање кое не е поврзано со надворешната политика на земјата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 823 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

Детален преглед: Активни и излекувани од коронавирусот по градови

Редакција

Во „изгубениот“ мобилен телефон нема ништо, Катица го форматирала

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница