еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Унгарско МНР: Груевски сите граници ги премина легално

Министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, во интервју за Дојче Веле вели дека ниту неговата земја, ниту поранешниот македонски премиер Никола Груевски не прекршиле ниту еден закон со тајното патување до Унгарија.

Според него, нема ништо спорно во тоа што Груевски преминал четири граници во придружба на унгарски дипломати. Ни тој факт не го прави прашањето политичко, вели Сијарто.

„Не е тоа прашањето. Прашањето е дали ги преминал границите согласно меѓународните и националните правила. И одговорот е: да, го сторил тоа. Откако се пријавил во унгарската амбасада ги преминал сите граници до Унгарија во согласност со меѓународните и националните правила. Со исправна документација“, вели Сијарто за Дојче Веле.

Тој инсистира дека се работи за правен, а не за политички случај. Тврди дека одлуката за барањето азил на Груевски ќе ја донесе независно тело врз кое унгарската влада нема влијание.

„Се работи за правна процедура, која има методологија водена од унгарските и меѓународни закони. Одлуката ќе ја донесе релевантно тело, а тоа е независно тело и ние како влада немаме влијание врз него“, вели Сијарто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ отвори нова дилема: Груевски влегол во Албанија легално или нелегално?

Што е пасаван, со кој според Вучиќ, Груевски избега до Унгарија

Српскиот претседател Вучиќ: Еве како побегна Груевски

Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин за отстранувањето на руските уметници од културните програми во западните земји: И нацистите вака палеа книги

Редакција

Сметките за парно може да се плаќаат и онлајн

Редакција

Струмичката „МКМ Ауто“ го доби тендерот на Основниот суд Скопје 2 за набавка на возило вредно 32.500 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница