еМагазин
Image default
Бизнис

УНИ Банка со добивка во првото полугодие

УНИ Банка АД Скопје во првото полугодие од годинава оствари вкупни приходи од 1.017.5 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година истите бележат зголемување од 13.8%, информира Банката преку Македонската берза.

-Најголем придонес во остварувањето на позитивен финансиски резултат во износ од 234.5 милиони денари имаат приходите од камати како најзначаен елемент на банкарските приходи.

Имено, во структурата на вкупните приходи (приходи од камати, приходи од провизии и надомести, нето-приходи/расходи од курсни разлики и останати приходи од дејноста), најголемо учество од 65.1% имаат приходи од камати, кои во споредба со истиот период  од 2022 година се зголемени за 22.3%, а анализата на секторската структура на приходите од камати покажува поголема ориентација на банката кон кредитирање на секторот население.

Во вкупните приходи од дејноста на банката, треба да се истакне порастот на приходите од провизии од 7.2%, како резултат на растечкиот тренд на дигитализација во користењето на банкарските услугии продукти и привлекувањето на нови клиенти корисници на наведените услуги.

Остварените расходи заклучно со вториот квартал  од 2023 година изнесуваат 783 милиони денари и бележат намалување од 0.9% во однос на истиот период од 2022 година. Намалувањето на расходите се должи пред се на намалувањето на издвоени средства за зајакнување на резервациите по кредити, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

УНИ Банка со добивка во првиот квартал

Константин Илијчов Арнаудов избран за член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иуте Кредит Македонија се ребрендира во Иуте, зајакнувајќи ја улогата на лидер во дигиталната трансформација во повеќе сфери на финансиското работење

Редакција

Ќе има ново поскапување на струјата: ЕСМ понуди за 17% повисока цена на тендерот на ЕВН Хоме

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на патна инфраструктура во Сончевата езерска населба Мантово вреден 190.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница