еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Уништен муралот кој пренесува порака за солидарност и заедништво: Омразата во општеството е влезена во секоја негова пора

Говорот на омраза е навлезен во секоја клетка на општеството, а освен на социјалните мрежи каде што е најчест, станува дел и од нашето секојдневие.

Последен пример за тоа е муралот во Битола кој пренесува порака за солидарност и заедништво. Имено, за неполни 24 часа од неговата промоција, истиот е уништен со пораки на говор на омраза.

„АКТО и Народен Театар Битола како и пошироката локална и национална уметничка заедница на огромно задоволство ги прими колегите од колективот КУРС од Белград да работат во нашиот град и да пренесуваат пораки на заедништво, солидарност и пркос кон национализмот и ксенофобијата.

За жал, сведоци сме дека општеството се уште е загадено со национализам и нетрпеливост кон различностите. Ги повикуваме надлежните да ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин. Ние ќе продолжиме да се бориме за праведно општество за сите. Борбата за вредности продолжува,“ велат од Акто фестивалот.

Фото: Фејсбук/Акто/Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

572 нови случаи на Ковид-19 од 4.511 тестирања

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ за предлогот на Заев: Може експертска влада, предводена од заеднички прифатлива натпартиска личност

Редакција

Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка на автопатот Скопје- Тетово

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница