еМагазин
Image default
Македонија

Уште една наставничка од Кавадарци позитивна на Ковид-19, во изолација 14 ученици

Уште една наставничка од Кавадарци е позитивна на Ковид-19, за МИА потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје. Заедно со неа во изолација се и 14 ученици. Претходно позитивна беше нејзина колешка од истото училиште, а во изолација отиде таа и нејзините 16 ученици.

Во изминатите 24 часа во Тиквешко има четири новозаболени лица од кои три во Кавадарци и едно во Неготино. Станува збор за три женски и едно машко лице, на возраст од 30 до 61 година. Еден од нив нема симптоми, а остантите имаат. Едно лице имало претходно контакт со позитивно лице на коронавирус, а другите не знаеле каде се заразиле. Сите биле на домашно лекување и со лесна клиничка слика. Се утврдуваат контактите, со цел нивна изолација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МОН: Од Ковид-19 заразени 42 ученици и 65 наставници

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Случај „Траекторија: Јанакиески и Пешевски во СМС порака: Компанија дала пониска цена од „Синохидро“, некој нѐ шпионирал

Редакција

Прилепчанец преку Фејсбук повикал да се запалат наши државјани сместени во карантин

Редакција

Тачи за новото парламентарно мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ: „Ова е уште еден голем театар, албанските лидери ќе ги чини скапо“

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница