еМагазин
Македонија

Уште се работи на документацијата за достава на вакцините од Србија

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште се подготвува документацијата за вакцините од производителот „Фајзер“ што од Србија треба да пристигнат во Северна Македонија.

– Прво се работи за подготовка на техничката документација од „Фајзер“ кон Србија за реекспорт, или за реплаќање или донација од Србија. Целта е да стигнат овие, прво 4.000 вакцини, па после и другите 4.000 вакцини тука. Се работи на документацијата.

Раководството на Србија, претседателот Вучиќ, премиерката Брнабиќ сакат час поскоро тоа да го направат. Затоа вака излегоа во најава. Се трудат. Првиот дел беше договорот во кој се забранува реекспорт, односно репродавање на друга земја, па одлучија да го донираат ова.

Само да почне целиот процес и да помогнат на пријателска Северна Македонија, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Примопредавањето на вакцините беше најавено за вчера, но потоа во последен момент беше одложено за наредните денови, бидејќи Србија се уште нема добиено одобрение од Фајзер за пренамена на вакцините за македонски пазар.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Селфи“ на Рама со Ковачевски: „Сè уште го чекаме Годо? Не, ние сме навикнати на оваа шарада“

Редакција

Предметот за Дрин Ахмети и по една година се уште во предистражна постапка

Редакција

Ѓукановиќ: Референдумот во Македонија е „сигнал за тревога“ за ЕУ

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница