еМагазин
Image default
Македонија

Уставен суд на 19 септември ќе одлучува за уставноста на одлуката за референдум

Судиите од Уставниот суд следната недела на 19 септември на закажаната седница со почеток од 9.30 часот ќе ги разгледуваат инцијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на 30 јули оваа година, пренесува meta.mk.

Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на Одлуката за референдум која ја изгласа Собранието, по што доколку биде прифатена, ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, може да ја поништи Одлуката за распишување на референдум веднаш или да донесе времена мерка до одлучување, со што се суспендираат сите поединечни дејствија и акти со цел, а заради спречување на штетните последици по Буџетот и даночните обврзници, правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата.

Мета

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Верските лидери со апел до граѓаните да се почитуваат мерките: Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа

Редакција

Обвинителката Русковска не открива многу детали, но вели дека се собрани дел од доказите за бегството на Груевски

Редакција

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 17 пациенти, а вкупно се лекуваaт 360

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница