еМагазин
Image default
Бизнис

Уставниот суд ја замрзна Уредбата за даночната постапка: УЈП ќе треба да објави листа на должници

Уставните судии денеска поведоа постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба објавена во Службен весник на 26 март, годинава и донесоа решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија што се преземени врз основа на Уредбата чија уставност ја оценува.

Во оваа уредба се вели дека за висината на каматата која се наплатува на износот на помалку или повеќе платениот данок за секој ден задоцнување и за објавата на листата на должници на доспеани и неплатени долгови се применуваат одредбите од оваа уредба со законска сила.

„На износот на помалку или повеќе платениот данок и споредните даночни давачки освен каматата, се пресметува и наплатува, односно плаќа камата во висина од 0,015% за секој ден задоцнување.

Управата за јавни приходи нема да објавува листа на должници на доспеани и неплатени долгови за месеците април, мај и јуни 2020 година“, пишува во уредбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уставен суд не поведе постапка за продолжувањето на вонредната состојба

Уставниот суд ја запре забраната за движење за лица до 18 и над 67 години

Фото: Уставен суд

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Мукаетов за Al Jazeera Balkans: Алкалоид за 17 години порасна за 4 и пол пати

Редакција

Корона вирусот може да затвори кумановски чевларски компании кои извезуваат во Северна Италија

Редакција

Агенцијата за стоковни резерви склучи договор со Агроглобал Трејд вреден 2,1 милиони евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница