еМагазин
Image default
Бизнис

Уставните судии не дискутираа за недела неработен ден, иницијатива повлечена од технички причини

Иницијативата на Стопанската комора на Северна Македонија, поднесена до Уставниот суд за законската одредба за недела неработен ден на денешната седница беше повлечена од технички причини и истата ќе ставена на дневен ред во некоја од следните седници.

Судијата известител Вангелина Маркудова, не даде поопширно образложение за техничкиот дел кој треба да биде обработен.

Претседателката на Уставен суд на РСМ, Добрила Кацерска апелираше до советот кој работи на овој предмет да направи исправки на рефератот во најкраток можен рок имајќи предвид дека се работи за актуелен предмет за кој јавноста е заинтересирана.

Преку оваа иницијатива Стопанска комора на Северна Македонија, ги оспоруваа последните измени на Законот за работните односи, во однос на недела неработен ден во државата.

Според подносителот оспорениот закон се однесува за работата во недела и смета дека истиот е спротивен на слободата и пазарот на претприемништво, темелните вредности и еднаквоста на граѓаните. Во иницијативата се наведува дека Законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи го уредува користењето на неделен одмор преку воведување на забрана за работа во недела и притоа таксативно ги набројува исклучоците на одредени дејности кај кои неделниот одмор може да се користи во друг ден во неделата и се укажува дека ова законско решение не е во полза ниту на економските субјекти, ниту на работниците и директно задирало во темелните вредности на уставниот поредок на државата. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законската одредба за недела неработен ден денеска пред Уставниот суд

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МЗШВ: Рокот за поднесување на барања за субвенции за 2019 година се продолжува до 30 јуни

Редакција

БЕГ има гас само за уште денеска, бара Владата времено да го преземе управувањето со компанијата

Редакција

Поевтинуваат Еуросупер БС-95 и мазутот, останатите нафтените деривати со непроменета цена

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница