еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Утре и во понеделник пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека под влијание на циклонска активност утре и во понеделник претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои утре попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 литри на метар квадратен за 24 часа).

И во Скопската Котлина утре попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат обилни и поројни.

Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (се очекуваат и над 30 литри на метар квадратен воден талог за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.

Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец со јачина од над 60 километри на час.

Поради заладување во понеделник на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег.

Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сарамаков, притворениот член на обезбедувањето на Мицкоски имал две дисциплински во МВР

Редакција

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави документ за Ковачевски

Редакција

(Видео) „Културата е скапа, некултурата поскапа“: Протест пред МКЦ по разрешувањето на директорот

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница