еМагазин
Image default
Локално

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје, поради одржување на трката „Водно 10К“

Во Скопје утре ќе има посебен режим на сообраќај, поради одржување на атлетска трка на 10 км – „Водно 10К“.

Трасата на движење е од долниот паркинг на Средно Водно по регионалниот пат (Р2138) до Манастирот Св.Пантелејмон и обратно.

Трката е во организација на атлетски клуб „Фортиус“, а како што информираат од МВР, Одделението за безбедност на патниот сообраќај, Единица за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Маж тепал две малолетни деца во кафе бар во Радишани

Редакција

Величковски нов началник на СВР Штип, Јаковлевски на ОВР Кочани

Редакција

Гореше „ауди“ на улица „Јуриј Гагарин“ во Скопје

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница