еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Утврдени лажни фактури во увозот на пелети

Министерството за економија утврдило дека се доставуваат лажни фактури во делот на увозот на пелети.

Затоа, како што соопшти денеска министерот Крешник Бектеши, трговците на мало и на големо со пелети се жалат на цената која е замрзната.

Според Бектеши, цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, а лажните фактури се кривично дело за кое треба да следуваат санкции и надлежните институции мора да постапат соодветно.

-Цената на пелетите не ја утврдува Министерството за економија, тоа доаѓа како предлог од „Македонски шуми“ и од страна на цените од Царинската управа. Цената пријавена во Царинската управа е 24 денари за килограм.

Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство. Ги повикувам УЈП и Секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат и да ги контролираат и да бидат санкционирани.

Ако кај нас се доставуваат 24 денари, а тие не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас како министер одговорно кажувам дека се лажни и тоа е кривично дело по кое треба да постапуваат надлежните органи, истакна Бектеши по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на пелетите ограничена на 27.000 денари за тон и 27 денари за килограм

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Плати и надоместоци од 826.000 евра за членовите на Управниот одбор на Комерцијална банка

Редакција

Мијалков со ново писмо до Мицкоски: Хан и Дорис Пак те прочитаа дека си лажен патриот, твојата бламажа е од светски рамки

Редакција

(Видео) Убиецот на жената од Кочани се бранел со молчење, изнудил 7.000 евра

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница