еМагазин
Image default
Локално

Ужас во Гостивар: Го силувал детето на невенчаната сопруга

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека извршило полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Осомничениот во повеќе наврати во текот на годинава извршил полови дејствија врз детето на неговата невенчана сопруга.

Случајот, по добиените определени сомнежи и сознанија, бил пријавен од службени лица од Центарот за социјални работи во Кичево.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка поднел предлог за определување притвор имајќи ја предвид тежината на стореното кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку 12 години.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Герила акција на ДИК во Тетово и Гостивар: Ти си на ред! Гласај безбедно!

Редакција

Вечерва без вода ќе останат дел од Клинички центар, Водно, Козле и Сарај

Редакција

Несекојдневен случај во Скопје: Масовна тепачка за крај на свадбена веселба

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница