еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Ужас во скопски Карпош: Мајка ја држела „под клуч“ и ја малтретирала 16-годишната ќерка

На 15.01.2021 полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош, по претходно добиени сознанија и со наредба од истражен судија, а во присуство на претставници од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Скопје, влегле во домот на Н.К. на подрачјето на Карпош, каде што биле затекнати Н.К.(44) и нејзината 16-годишна ќерка, информира МВР.

„Притоа било констатирано дека малолетничката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот.

На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и истата е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател.

Н.К. е приведена во  полициска станица, а на 16.01.2021 е пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка.

Сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трагедија кај Гостиварско: Еден починат и двајца повредени во сообраќајна несреќа

Редакција

Затворен мостот од Железничка до Ист гејт, не се знае кога ќе биде отворен за сообраќај

Редакција

Дизелот поевтинува за два денари, цената на бензините останува иста

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница