еМагазин
Image default
Македонија

Вакцинацијата со кинеската вакцина „Синофарм“ ќе почне по Велигден, во мај ќе стигнат 26.000 вакцини на „Фајзер“

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека според информациите кои ги добил од компанијата „Фајзер/Бионтек“, во мај се очекува да пристигнат 26.000 дози од нивната вакцина, при што количества од по 5.000 до 7.000 дози ќе се испорачуваат секој понеделник.

Следната недела се очекуваат и 200.000 дози од кинеската вакцина „Синофарм“, со што вакцинацијата со нив би започнала во вторник на 4 мај, по Велигденските празници.

Филипче информираше дека останале од 3.000 до 5.000 дози на „АстраЗенека“ и 5.000 дози на „Фајзер/Бионтек“, со што би се надополнила вакцинацијата за периодот пред нас.

Тој апелираше граѓаните да се пријавуваат на сајтот vakcinacija.mk, каде што до сега се пријавени околу 150.000 граѓани. Вакцинацијата во следниот период ќе тече по возрасни групи.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 1.326 заразени од корона вирусот: Нови 26 пациенти, најголем број во Скопје

Редакција

Уапсено лице кое му помогнало на Палевски да избега од Србија во Турција

Редакција

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница