еМагазин
Свет

Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ во Германија ќе се дава на лица над 60 години

Германскиот комитет за вакцини (СТИКО) ќе ја предложи вакцината против коронавирус на „Џонсон и Џонсон“ за лица постари од 60 години, објави денеска Шпигл.

Европското регулаторно тело за лекови ја поддржа вакцината минатиот месец, откако ги испита ретките случаи на згрутчување на крвта кај возрасни лица во САД кои примија единечна доза.

Ова тело, сепак, им остави на земјите-членки на ЕУ да одлучат како да ја користат вакцината.

СТИКО исто така ја препорача вакцината „АстраЗенека“ на лица над 60 години, а одлуката беше променета вчера и Германија одлучи да ја дава на сите возрасни групи.

МИА/Фото: Photo by Ivan Diaz on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

НАТО почна да се повлекува од Авганистан, Талибанците ги интезивираат нападите

Редакција

Самит на ЕУ во Брисел: Европа ќе се вооружува

Редакција

Саудиска Арабија во антикорупциската кампања од принцови, министри и бизнисмени одзеде 106 милијарди долари

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница