еМагазин
БЕНЧМАРК

Вакцината „Спутник V“ ќе се одобри, но нема да биде дел од ЕУ стратегијата за вакцинирање

Портпаролот на Европска Комисија, Ерик Мамер денеска изјави дека тоа што руската вакцина против Ковид-19, „Спутник V“ би можела да добие одобрување од Европската агенција за лекови (ЕМА) не значи дека треба да биде вклучена на листата на вакцини опфатени со ЕУ стратегијата за вакцинација.

Тој додаде дека постои јасна разлика помеѓу одобрување за употреба на вакцината во ЕУ и ЕУ стратегијата за вакцинација, преку која заеднички се нарачуваат вакцини за сите 27 земји-членки на Унијата.

„Стратегијата на ЕУ за вакцинација се развива и се применува во соработка со ЕК и со земјите-членки. Тие можат да одлучат да ја интегрираат новата вакцина во постоечкото портфолио, но во моментот не се разговара за тоа,“ истакна Мамер.

ЕК соопшти и дека во име на ЕУ веќе склучила договори за набавка на доволно вакцини (2,6 милијарди дози од шест компании), со што би се реализирала целта – да се вакцинираат 70 проценти од Европејците до крајот на летото.

Во Брисел истакнуваат дека при одобрување на вакцините не се раководат од геополитиката, туку со проценка на квалитетот, ефикасноста и безбедноста на вакцините.

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска соопшти дека почна со испитување на вакцината против ковид-19 „Спутник V“, а руските власти соопштија дека се подготвени до јуни да обезбедат 50 милиони дози вакцини за граѓаните на Европска Унија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо-караванот на ИПАРД денеска беше во Неготино и Кавадарци, се приближува рокот за аплицирање за Мерка 1 од ИПАРД Програмата

Редакција

Со специјален протокол за заштита од Ковид-19, продолжува инфо караванот за Мерка 1 на ИПАРД низ земјата

Редакција

Може да се зборува за европски напредок во регионот само преку одржување на ветувањето за Македонија, вели Димитров

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница