еМагазин
Image default
Македонија

Вакцината за Ковид-19 за сите граѓани ќе биде бесплатна, најавува Филипче

Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно, вели министерот Венко Филипче во интервју за Слободен печат.

“Ние се уште не знаеме која ќе биде цената за вакцината, но дефинитивно државата ќе издвои буџет и вакцинирањето ќе биде бесплатно. Имаме два механизми во овој момент за набавка.

Едниот е Ковакс механизмот, преку Светската здравствена организација (СЗО) и Алијансата за имунизација. Потпишавме писмо на намери и овој механизам им овозможува на земјите рамноправно да им бидат распределени вакцините според бројот на населението тогаш кога ќе излезат на пазарот, од секој последователен производител.

Во меѓувреме, добивме и понуда од полската амбасада, за што сакам да му изразам благодарност на амбасадорот на Полска во нашата земја. Земјите членки на Европската Унија потпишаа билатерални договори со компанијата која работи на оксфордската вакцина “Астра зенека”.

Добивме понуда Полска да набави соодветна количина и за нас, заради тоа што нема да имаме можност за билатерален договор. Таков е пристапот. Дефинитивно, со два механизми обезбедуваме дека вакцината ќе биде достапна и за нашите граѓани, бесплатно“, вели Филипче.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор од Валандово на границата помеѓу Бугарија и Романија им пружа медицинска помош на бегалците од Украина

Редакција

Социјалистичката партија на Македонија со безрезервна поддршка на кандидатурата на Гордана Силјановска-Давкова

Редакција

Бранко Героски добивал опомени и закани оти ја критикувал власта: Перото не ви го давам, на тоа да не се надевате!

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница