еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вакцинирање без закажан термин ќе се врши во поликлиниките, пунктовите и болниците, во спортските сали ќе има само ревакцинација

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од денеска граѓаните ќе може да се вакцинираат за Ковид-19 без да закажат термин за вакцинација.

„Граѓаните кои немаат закажано термин, првата доза вакцина ќе може да ја примат во пунктовите во здравствените, домови, болници или поликлиники во градовите, односно во постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи.

Во спортските сали, ќе се врши масовна ревакцинација и таму нема да се вакцинираат граѓани кои немаат термин за вакцина,“ информираат од Министерство за здравство.

Вакциналните пунктови во јавните здравствени установи, ќе имаат работно време, кое е објавено на вратите од здравствените установи.

Во Скопје вакцинарање без закажан тремин, ќе има во Поликлиниките Јане Сандански, Букурешт и Чаир, кои ќе работат од 7.30 до 19.30 часот. А, денеска ќе биде отворен и нов вакцинален пункт во Поликлиниката во Шуто Оризари кој ќе работи од 7.30 до 14.30 часот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Редакција

Убава вест: Оздравени 396 заболени од Ковид-19

Редакција

(Фото) „Алкалоид“ на традиционалниот пикник собра 1.120.000 денари кои ќе бидат донирани на „О2“ за борба против загадувањето

Редакција
Close

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница