еМагазин
Македонија

Вакцинирани 207.219, а заинтересирани 376.987 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 376.987 граѓани, информираат од Министерство за здравство.

„На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 175.620 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 7.445 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.721 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 207.219 дози вакцини, а ревакцинирани се 31.599 граѓани. Со последните бројки 40% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација.

Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Политико“: Вархеји и ЕПП се премногу меки кон Софија за блокадата на Скопје

Редакција

На Табановце се чека и до еден час за влез и излез од државата

Редакција

Османи оди во самоизолација, и покрај проценката на епидемиолозите дека бил заштитен

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница