еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Ваквите примери ја враќаат вербата во луѓето: Возач на ЈСП врати изгубен паричник на патник со цела плата внатре

Скопјанецот Фериз Шабани си го добил назад паричникот полн со пари, кој го изгубил во автобус на ЈСП „Скопје“. Паричникот го нашол возачот Мирослав Деспотовиќ, кој веднаш го пријавил во внатрешната контрола на јавното претпријатие, пишува nezavisen.mk.

Сопственикот Шабани бил веднаш контактиран, а парите и документите си ги добил назад уште истиот ден.

„Пресреќен сум, плачев од радост. Во паричникот ми беше целата плата, имав 10.000 денари и 200 евра. Да не зборувам дека внатре беа мојата и личната карта на мојата сопруга и сите други документи. Не знам како ќе преживеев без парите, до следната плата. Премногу сум благодарен што сè уште постојат чесни луѓе“, вели Шабани.

Целата приказна на Независен весник прочитајте ја ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Се омажи Нина Ангеловска, на свадбата и дојдоа и Заев и Филипче

Редакција

Актери и студенти се збогуваа од режисерот: Златко Славенски ги допрел срцата на многумина

Редакција

Ковид-19 ќе биде проблем додека не се открие специфичен лек, вели доктор Демири

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница