еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Важно е да се забрза пристапувањето на Македонија во ЕУ, вели државниот секретар Метју Палмер

Важно е да се забрза пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, изјавил заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Метју Палмер, на видео-конференција за евроатлантската интеграција на Балканот, во организација на грчката непрофитна организација „Грик Хаус Давос“ (Greek House Davos).

Како што јави денеска „Гласот на Америка“, Палмер истакнал дека САД целат кон мирен, стабилен и просперитен Западен Балкан во ЕУ и дека САД и ЕУ се партнери во промоција на стабилност и борба против корупцијата во регионот.

Метју Палмер го истакна значењето од подобрување на односите меѓу Србија и Косово, и забрзување на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ, соопшти грчката непрофитна организација, нагласувајќи дека Палмер го истакнал и значењето на Грција како регионален играч, но, и во поширокиот регион на Медитеранот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема тешко повредени во пожарите, укажана им е лекарска помош на десетина поради вдишан чад

Редакција

Мицкоски од протестот во Кочани побара оставки од Димитров и Спасовски

Редакција

Канческа Милевска координаторка на новоформираната независна пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница