еМагазин
Бизнис

Важно известување од Охридска банка: Лажни меил пораки преку фалсификување на идентитетот на банката

Во текот на денешниот ден се забележани „phishing“ напади од страна на непознато лице кое фалсификувајќи го идентитетот на Охридска банка АД Скопје и користејќи го логото, се обидува да извлече податоци преку праќање на меил пораки.

Одредени физички и правни лица (клиенти меѓутоа и лица кои не се клиенти на bанката) добиваат пораки од мејлот [email protected] со предмет: Известување за девизен прилив од кои се бара итна потврда за наводно пристигнат девизен прилив.

„Охридска Банка АД Скопје се оградува од овие пораки и апелира до сите оние кои ќе добијат електронска порака да не го отвораат прилогот на пораките пристигнати од меил адреса [email protected] за да се заштитат од злоупотреба на податоците.

Доколку во меѓувреме прилогот на меилот е отворен, побарајте помош од ИТ професионалец. Сите нотификации испратени од Охридска Банка АД Скопје преку електронска пошта се потпишани со дигитален сертификат. Во меѓувреме, Банката ги презема сите потребни легални активности за справување со овој напад на информациите“, велат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Просечната каматна стапка во август непроменета кај кредитите, зголемена кај депозитите

Редакција

„Авицена“ го доби тендерот на Институтот за трансфузиона медицина за набавка на реагенси вреден 480.000 евра

Редакција

Рано е за отварање на аеродромите, вели Филипче

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница