еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вчера гласаа 6.710 болни, немоќни, лица со Ковид-19 и затвореници

Правото на глас, вчера на ден пред изборите, го искористија 6.710 од вкупно пријавените 7.645 болни и немоќни, лица со Ковид-19, затвореници и лица во установите за вонсемејно згрижување, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право од запишани 1.409 гласачи го остварија 943 гласачи.

Во своите домови како болни или немоќни од пријавени 5.588, гласаа 5.287, а во установите за вонсемејно згрижување, од запишани 266, правото на глас го искористија 212 лица.

Како лица кои се во домашен карантин или на кои им е определена мерка самоизолација поради Ковид-19, во своите домови пријавени беа 376, а гласаа 268 лица.

Гласањето секаде, според информациите добиени од општинските изборни комисии, помина без проблеми, истакнуваат од ДИК.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Границата на Грција за македонските граѓани останува затворена најмалку до 3 мај

Редакција

Утре ќе има цел ден скијање на Попова Шапка

Редакција

Починаа 14 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.211

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница