еМагазин
Македонија

Вчера вакцинирани 11.833 лица против Ковид-19, од нив 7.625 со прва доза

Прва доза вакцина против Ковид-19 вчера примиле 7.625 граѓани, а вкупно се вакцинирале 11.883 лица, информираат од Министерството за здравство (МЗ) и нагласуваат дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација.

-На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 703.557 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.220.375 дози вакцини, а ревакцинирани се 516.797 граѓани, соопшти МЗ.

Со последните бројки, се посочува во соопштението, барем една доза вакцина имаат примено 51 отсто од населението над 40 години, како и  26 проценти од населението од 18 до 39 години.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба.

Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

-Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата, порачуваат од МЗ.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 457 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција

СДСМ: Граѓаните на референдумот гласаат слободно, без притисоци и без закани

Редакција

Повеќе жени, најмногу на возраст од 30-39 години: Детали за новите случаи на заразени со Ковид-19 во Македонија

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница