еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Веапоска во судница се сретна со лекарите кои ѝ отстранија три органи, таа се вознемири, тие кажаа дека не биле виновни

Во струшкиот Основен суд денеска се одржа рочиште од судскиот процес на Јилдиз Веапоска, родилката од Дебар на која и беа отстранети три органи по породувањето со царски рез, против тројца лекари од болницата во Струга.

Првпат на денешното рочиште во судницата се сретнаа оштетената Веапоска и обвинетите.

Давајќи исказ за целиот случај на Вепоска и се слошило во судницата, па по пет минутна пауза рочиштето продолжило. Обвинетите лекари, пак кажале дека не чуствуваат вина и побарале ново вештачење за случајот.

– Многу е тешко да останеш без органи и да се расправаш по судски врати со докторите кои не ја признаваат вината, изјави Вепоска по рочиштето.

Првоосомничениот, гинекологот и тогашен директор на болницата во Струга, Мухамед Асани одби да даде изјава за медиумите.

Според обвининето, тројцата лекари се товарат дека на родилката Веапоска и биле отстранети бубрег, матка и јајник. При породувањето со царски рез и ја оштетиле левата бубрежна артерија, но не презеле мерки, туку и давале терапија при што паднала во шокова состојба. Повторно ја оперирале и ја отстраниле матката и левиот јајник иако не биле оштетени. Крварењето не престанало, па со втор зафат утврдиле дека е оштетена артерија. Тогаш и бил отстранет и левиот бубрегот и била пренесена на КАРИЛ во Скопје.

Судскиот процес почна во јуни минатата година, но поради отсуство на обвинетите неколку пати беше одлаган. Следното рочиште е закажано за 10 март. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Казнети 431 граѓанин за неносење маска

Редакција

(Видео) Прекрасна изведба на “Ми заплакало селото Ваташа/Цветови“ за 80 годишнината од убиството на 12. Ваташки младинци

Редакција

Македонија ќе побара повлекување на одлуката за азил на Груевски

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница