еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Велешанец ја тепал, дрогирал и наведувал на проституција сопругата

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 45-годишен жител на Велес за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција според член 191 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.

Во временскиот период од 2016 до октомври 2022 година, осомничениот во повеќе наврати вршел семејно насилство врз својата сопруга, така што со примена на сила, тепајќи ја и давајќи и наркотични дроги, ја наведувал на проституција.

Тој се договарал со различни лица и ја носел жената во Кавадарци, каде што ја принудувал да има сексуални односи со неколку лица во ист ден, за што наплаќал парични средства.

Имајќи предвид дека во конкретниот случај постојат околности кои упатуваат на можност осомничениот да се даде во бегство, особено со оглед на високата запретена казна за ова кривично дело во траење од најмалку 10 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Средношколецот од Скопје кој беше пронајден мртов починал по пад од висина

Редакција

Владата до 31 мај ги ограничи трговските маржи на основните прехранбени производи

Редакција

(Видео) На денешен ден пред 12 години, Тоше Проески го одржа последниот концерт на Градски стадион

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница