еМагазин
Бизнис

Велешки Кристал 1923 во првите шест месеци со зголемена добивка

Во период од 01.01.2021 до 30.06.2021 година, ПИ Кристал 1923 АД Велес оствари добивка во износ од 37.444 илјадa денари, додека во истиот период од претходната година имаше добивка во износ од 7.827 илјади денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„За шесте месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 312.301 илјада денари и во однос на лани за истиот период се намалени за 4%. Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се намалени за 29%.

Расходите за шест месеци оваа година изнесуваат 274.857 илјади денари и во однос на претходната година се намалени за 14%.

Од напред наведеното може да се заклучи дека намалувањето на приходите е помало за 10% во однос на намалувањето на трошоците и како резултат на порастот на продажните цени на готовите производи во овој период во однос на цените на залихите е остварен позитивен финансиски  резултат.

Прогласената пандемија на Ковид-19 немаше негативно влијание врз работењето во 2021 година, а не очекуваме позначајни импликации врз резултатите од работењето на друштвото и во наредниот период“, велат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Кристал 1923“ преку јавна понуда ќе продава 50.000 сопствени акции

„Кристал“ ќе распродава недвижнини низ цела држава: Mеѓу нив и Стоковната куќа 26-ти јули во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акцијата на Реплек ќе стане достапна за повеќе инвеститори

Редакција

(Фото) Scalefocus отвара нови модерни канцеларии на 1.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје

Редакција

Акциите на „Комерцијална банка“, „Алкалоид“ и „Макпетрол“ убедливо најтргувани во 2019 година

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница