еМагазин
Image default
Локално

Почина жител на Чајле, додека возел велосипед го удрил автомобил

Едно лице починало од здобиените повреди во сообраќајна несреќа што се случила во гостиварското село Чајле.

Според информациите на СВР Тетово, синоќа околу 21 часот на регионалниот пат Гостивар-Чегране автомобил „ауди“ со гостиварски ознаки удрил во О.О. (72) од Чајле, кој се возел со велосипед.

При ударот, велосипедистот се здобил со повреди, по што бил пренесен во гостиварската општа болница. Заради тежината на повредите тој бил препратен на скопските клиники каде околу 22:30 починал.

Возачот на „аудито“ Ј.И. (23) е задржан во полициска станица, а екипа на ОВР Гостивар извршила увид на местото на настанот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радовишанец ја нападнал мајка си и полицајците што дошле да го приведат

Редакција

Несекојдневна измама: На жена од Албанија и зел пари за да отворат „заедничка“ фирма

Редакција

Градоначалникот на Гази Баба бара полицајци во автобусите: Во континуитет се случуваат инциденти во кои се повредени ученици

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница