еМагазин
Image default
Локално

Веро маркетите викендов работат од 7 до 18 часот

Веро маркетите викендов (сабота и недела) работат од 7 до 18 часот, при што пензионерите имаат приоритет за пазарување во терминот од отворање на маркетите до 10 часот.

Услугата Vero Drive за подигнување телефонски нарачки од Веро центар во Скопје, освен од понеделник и петок, ќе биде достапна и денеска (сабота) од 7 до 18 часот.

Промената на работното време за викенд доаѓа откако Владата одлучи забраната за движење на граѓаните во сабота и недела да почнува од 19 часот, наместо од 14 часот.

Менаџментот на Веро будно ја следи состојбата и го прилагодува работното време според донесените мерки за заштита во кризната ситуација, но и според потребите и очекувањата на потрошувачите со цел да им овозможи навремено и безбедно снабдување со потребните производи.

Работното време на Веро маркетите од понеделник до петок во моментов останува исто како и досега, од 7 до 18 часот.

Во маркетите продолжуваат да се спроведуваат сите мерки воведени од Веро со кои на потрошувачите и вработените им се обезбедува максимална заштита и овозможува безбедно пазарување.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Го натепал бидејќи делел програма за референдумот

Редакција

Таксист ограбил брачен пар од Австралија: Побарал 200 денари за еден километар, па сам си земал 1.700 денари

Редакција

Изменета траса на возење на осум автобуски линии на ЈСП

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница