еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Верските лидери со апел до граѓаните да се почитуваат мерките: Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа

Комисијата за односи со верските заедници информира дека Црквите, верските заедници и религиозните групи споменати во Уставот апелираат до граѓаните да бидат крајно одговорни и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.

„Ние ‒ Црквите и верските заедници испраќаме едногласен АПЕЛ до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со корона- вирусот Ковид 19 да гледаат со највисок степен на сериозност и со целосно и доследно почитување на сите пропишани мерки да го заштитат сопственото, здравјето на блиските, на здравствените работници и со тоа на севкупното општество.

Доследното почитување на мерките не треба да се толкува како имање слаба вера, туку како имање љубов и грижа за другите.

Сега е време кога секој човек мора да покаже грижа и да даде личен прилог во справувањето со настанатата состојба. Мерките треба да ги почитуваме постојано, во внатрешен и надворешен простор, на работните места, во верските храмови, во домовите и на јавните површини.

Во овие времиња да бидеме силни и свесни дека искушенијата доаѓаат поради лично преиспитување и зацврстување во верата,“ се вели во соопштението.

Апелот доаѓа од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, в.д. Реисул Улема на Исламската верска заедница х. хфз. Шаќир еф. Фетаху, Бискупот Скопски и епарх струмичко-скопски монсињор Киро Стојанов, претседателот на Еврејска верска заедница Романо Николиќ и Супериндендентот на Евангелско- методистичка црква Марјан Димов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Синот на Светозар Јаневски, Јане, избран за претседател на УО на Аутомакедонија

Редакција

Безживотно тело пронајдено на улица во Аеродром

Редакција

Важна информација за планинарите: Забрана за движење на Карбула, Меденица, Говедарник, Голем и мал Брзовац и Курков Дол, потребна е дозвола

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница