еМагазин
Image default
Локално

Верувале или не: Приведена жителка на Марена поради насилно одземање на златни обетки од ушите на две деца во Кавадарци

Приведена жителка на Марена поради насилно одземање на златни обетки од ушите на две деца во Кавадарци. Информацијата за МИА денеска ја потврдија од МВР.

-Вчера во 15.20 часот во Полициска станица Кавадарци, кавадарчанецот С. С (24) пријавил, дека, додека неговите две деца си играле во дворот од куќата, од страна на А. Ш од село Марена, насилно им биле одземени златни обетки од ушите, по што таа го напуштила местото на настанот. По преземени мерки, лицето е лишено од слобода, појаснија од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од Кавадарци. Од МВР рекоа дека по целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведен сопственик на угостителски објект во Тетово поради непочитување на антиковид мерките

Редакција

(Фото) Искршени тријазични табли на три институции во Штип

Редакција

Изгорено машко тело пронајдено во опожарен стан во Штип

Редакција

📢 Важно известување

Оваа веб-страница претставува архива (стар сајт) и повеќе не се ажурира.
За најнови информации и содржини, посетете ја нашата нова официјална страница:


👉 Посети ја новата страница